Бугарија испорачува електрична енергија во Македонија и Србија по прекините во двете земји

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

„Бугарија докажа не само со зборови, туку и со конкретни дела, дека е гарант за безбедноста на енергетските мрежи не само на територијата на земјата, туку и во целиот регион“. Ова го изјавил бугарскиот министер за енергетика, Жечо Станков на брифинг за пријавениот прекин на електричната енергија во делови од Македонија и Србија.

Како што изјавил тамошниот министер за бугарските медиуми, во раните утрински часови денес, системот во регионот и соседните земји се соочувал со големи предизвици – со високи напони поради малата потрошувачка во мрежите и големата количина на реактивна енергија.

-На територијата на Бугарија имаме 90 проценти од компензаторните капацитети на оваа реактивна енергија и успеавме да ги совладаме сите процеси за да можеме да ги поддржиме и нашите соседни земји. Во Македонија, мрежите делумно откажаа, а ние моментално помагаме во нивното обновување преку бугарскиот систем, рекол министерот, додавајќи дека има барање до нив да го вратат напонот и на други 110 киловолтни далноводи покрај „Беласица“.

-Нашиот систем останува стабилен бидејќи имаме и производствени и компензациски капацитети на територијата на земјата, додал бугарскиот министер.

Високите напони во електродистрибутивната мрежа причина поголем дел од земјава да остане без струја, велат од МЕПСО. Појаснуваат дека ова е европски и регионален проблем со кој се соочуваат сите преносни системи поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија. Екипите го нормализираа напојувањето, но продолжуваат да работат на стабилноста на електроенергетскиот систем.

Неколку градови во земјава, меѓу кои и Скопје, речиси час и половина утрово останаа без струја.

Поради големото производство на електрична енергија од фотоволтаиците и обновливите извори на енергија, енергетскиот систем беше пред колапс и околу велигденските празници и по одлука на РКЕ беа исклучени од систем.

Слични содржини