Бугарија ја отвара границата за македонските граѓани со негативен ПЦР тест

од Берта Китинска
280 прегледи

Бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Северна Македонија, при што македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест.

Освен од Северна Македонија, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.

Слични содржини