Бугарија ќе го прогласи вторник за ден на жалост како израз на солидарност со Македонија

од Nikola Popovski
45 прегледи

Владата ќе го прогласи вторник како ден на жалост, како израз на солидарност со Македонија, изјавил премиерот на Бугарија, Росен Жељазков пред новинарите во општина Сандански.

Тој повторно изразил сочувство до семејствата на починатите и надеж за успешно лекување на повредените. Жељазков додал дека досега во Бугарија има 14 македонски државјани во Софија, Пловдив и Варна.

-Подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе, тоа зависи од нашите колеги од Северна Македонија. Во постојан контакт сме, нашиот амбасадор е на терен. Нашата подготвеност е изразена, имаме потенцијал за ова, обезбедивме услови роднините на жртвите да пристигнат во Бугарија да бидат во контакт и да ги поддржат настраданите, додал шефот на бугарската влада.

-Овие човечки чувства се манифестираат во вакви тешки моменти и верувам дека нашиот народ ќе ја остави зад себе гужвата на секојдневието за да бидеме обединети на овој ден, рекол тамошниот премиер.

Од српската влада исто така информираа дека утрешниот ден ќе биде прогласен за ден на жалост. Македонската влада прогласи 7-дневна жалост на територијата на цела држава.

Слични содржини