Бугарија може да не блокира за кое било прашање, за прашањето за реката Вардар дали е чиста или не може да најде причина и да не блокира
Се додека одлуките за проширување се носат со консензус Бугарија може да не блокира за кое било прашање, за прашањето за реката Вардар дали е чиста или не може да најде причина и да не блокира, особено сега со новата методологија кога повеќе моќ е дадена на земјите членки на сметка на комисијата, плус и процесот има можност за реверзибилност тие може да го блокираат кога сакаат. Ние сме калкулирале и таа можност ја имаат 200 пати во тек на процесот, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервјуто на Радио слободна Европа.
Тој додаде дека сака граѓаните да бидат уверени и дека ништо нема да се прави на брзање.
-Сосема сме свесни кои се интересите на граѓаните, кои се очекувањата на граѓаните, но исто така сме свесни колку е важно за нив членството во Европската унија. Ако има еден позитивен колатерален ефект од оваа блокада е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме, вели Османи.