Бугарија нема да го прекине транзитот на гас за други земји

од Nikola Popovski
209 прегледи

Бугарската влада подготви резерви на природен гас долж постоечките приклучоци, така што бугарските потрошувачи нема да бидат загрозени, пренесува БТА.

Бугарскиот вицепремиер Асен Василев изјави дека земјата нема да го прекине транзитот на руски гас за други земји.

Тој додаде дека Бугарија се подготвува да ја прекине испораката на руски гас од февруари, објавија бугарските медиуми.

Василев додаде дека цената на тој гас ќе биде за околу 20 отсто повисока, но и повтори дека Бугарија нема да го прекине транзитот на руски гас за други земји.

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес изјави дека претставниците на економските и политичките кругови во Бугарија долги години ги штитат руските интереси.

Слични содржини