Бугарија немаше рационални аргументи во преговорите, вели Пендаровски

од Nikola Popovski
197 прегледи

„Во моментов не треба да менуваме ништо во пристапот, туку треба да почекаме од Софија, не да дојдат нови луѓе на власт, туку истиве да сфатат дека ако им беше мотивот избори и сакаа да остварат подобри резултати на нив со ветото, сега имаат цел мандат пред нив и можеме да се свртиме кон рационални аргументи во преговорите“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Според него, во досегашните преговори со Бугарија немало рационални аргументи од нивна страна.

„Тие нема што да разговараат како Бугари кои зборуваат бугарски јазик со Македонци кои зборуваат на македонски јазик. Нивниот јазик никој не ги спори“, потенцира Пендаровски.

Тој дополни дека не гледа потреба од анекс на Договорот за добрососедство и заклучи дека ова е политички спор.