Бугарскиот претседател Румен Радев деенска изјави дека земјата ќе одржи предвремени парламентарни избори откако водечките партии го вратија мандатот за формирање влада.
Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата исто така го отфрли барањето, станувајќи трета партија што го сторила тоа оваа недела, објавува Ројтерс.
„Одиме на избори“, рече Радев.
Бугарската телеграфска агенција (БТА) денес објави дека Алијансата за права и слободи го вратила мандатот на Радев, веднаш откако претседателот ѝ го предал.
„Нашата парламентарна група ме овласти да го вратам мандатот – неисполнет, за да можеме да спроведеме фер, транспарентни, слободни, демократски избори преку заеднички напори“, рече претседателот на парламентарната група на Алијансата за права и слободи, Хајри Садаков.
Пред два дена, реформистичката парламентарна група на ПП-ДБ го отфрли барањето на бугарскиот претседател Румен Радев да се обиде да формира нова влада.
Најавените избори ќе бидат осми во Бугарија во последните четири години.