Бугарија предложи да го штити воздушниот простор на С. Македонија

од Берта Китинска
178 прегледи

Бугарија го обнови својот предлог за заштита на воздушниот простор на Северна Македонија. Ова го изјави министерката за надворешни работи на нашиот источен сосед – Теодора Генчовска.

Веста доаѓа во време на тензии околу трупањето руски војници во Украина и распоредувањето на сојузничките авиони во Бугарија.

Генчовска, исто така, рече дека Бугарија ги актуелизирала своите планови за евакуација на македонски граѓани од Украина, доколку е потребно. „Ние и понудивме на Северна Македонија, во случај на потреба и на нивно барање, да го евакуираме тимот на нивната амбасада во Украина“, рече министерката Генчовска.

Идејата Бугарија да го чува воздушниот простор на С. Македонија не е нова. Во 2019 година, претседателот на земјата, Румен Радев рече дека „Бугарија не треба да ја пропушти историската можност да го штити воздушниот простор на Република Северна Македонија“.
Грција подоцна постигна договор за оваа мисија.

Слични содржини