130
Бугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија, информира Канал5.
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, вели дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.
Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Македонските власти овојпат не ја поддржаа таа идеја .
Каракачанов вели дека со внимание ја следата аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот.