Бугарија се повлече од учеството на Евровизија

од Nikola Popovski
181 прегледи

Бугарија објави дека нема да учествува на Евровизија следната година.

Од земјите кои сакаат да бидат дел од музичкиот настан побарано е да платат повеќе за да ги надоместат изгубените пари откако на Русија ѝ беше забрането учество, пренесува Би-Би-Си.

Досега 37 земји потврдија дека ќе учествуваат на натпреварувањето следната година.

Цената за учество не е јавна, но вкупниот трошок на сите учесници обично е околу 5,7 милиони евра, при што домаќинот плаќа дополнителна сума.

Претходно Северна Македонија и Црна Гора веќе потврдија дека нема да бидат присутни во градот домаќин Ливерпул во 2023 година.

Како причина за повлекувањето, Македонската радио-телевизија (МРТ) претходно го наведе проблемот со финансиите.

„Одлуката е во најдобар интерес на јавноста, со оглед на зголемените трошоци поради енергетската криза, кои зафаќаат голем дел од буџетот за јавни услуги“, наведуваат оттаму.

Слични содржини