Бугарија создава спец. комисија за истрага за внатрешно-политичка интервенција на Русија и Турција…

од desk3
96 прегледи

Специјална комисија во бугарскиот парламентот ќе проверува дали има интервенција на Русија и Турција во внатрешната политика на земјата.

Според пратениците создавањето на ваква комисија се наметнува поради презентираните во последните недели во јавниот простор тврдења за интервенција на официјални претставници на Турција во домашниот политички живот на Бугарија.

0000293574-article2
Идејата за комисијата дојде од ДПС, по скандалот со исклучувањето на Љутви Местан од редовите на движењето на крајот на декември минатата година. Тогаш премиерот Бојко Борисов се пожали дека неговиот турски колега Ахмет Давутоглу побарал од него да ја поддржи страната на Местан, но тој одбил да се меша во внатрепартиски проблеми.

Подоцна пак во турските медиуми излезе информација дека има забрана почесниот претседател на ДПС, Ахмед Доган и неговиот пратеник Делјан Пеевски да влезат во Турција, која не беше потврдена официјално од властите во Турција.

Пратениците од Комисијата ќе ги испитуваат и тврдења дека одредени бугарски политички партии систематски ги заговараат интересите на Русија и се ставиле во служба на таа земја.

Од патриотски фронт побараа комисијата, освен интервенција на Турција и Русија, да проверат и дали постои такво мешање од други земји, но нивниот предлог не беше прифатен.

Се бара виновен за бомбата во Анкара

Социјалистите, пак, побараа воопшто да не се споменуваат конкретни имиња на држави, туку да се провери целосно надворешната мешање во внатрешните работи на земјата.

Од “Атака” инсистираа во опсегот на комисијата задолжително да се и САД и Велика Британија, но и тоа не им се допадна на мнозинството.

Според националистката Магдалена Ташева комисијата е легислативно недоносче, бидејќи прашањето е во надлежност на извршната власт, но “министерот за надворешни работи не смее да стави црн печат на турскиот амбасадор, бидејќи го извлече и оттука и оттаму”.

Социјалист Таско Ерменков се согласи со неа и објави дека Бугарија се повеќе се претвора во премиерската република, а пратениците со оваа комисија уште еднаш ќе се претворат “во тоалетна хартија”.

Војводата Красимир Каракачанов го заштити создавањето на комисијата со образложение дека таа ќе е “обетка на уво за секој кој мисли дека Бугарија е разграден двор и може да прави што сака, да лобира, да се меша во внатрешните роботи на Бугарија” .

Претседател на привремената комисија ќе е Валентин Радев од ГЕРБ. Другиот претставник на ГЕРБ во комисијата ќе биде Димитар Лазаров. Од БДЦ ги предложија Красимир Ковачки и Светлин Танчев, од ДПС Мустафа Карадај и Камен Костадинов, од БСП Атанас Зафиров и Филип Попов, од ПФ Красимир Каракачанов и Димитар Бајрактаров, од “Атака” Магдалена Ташева и Станислав Станилов, од АБВ Георги Ќчуков и Светослав Белемезов .

Реформаторите најавија дека ќе проценат дали да учествуваат, бидејќи не биле поканети да се меѓу предлгачите на предлогот.