Бугарија: Трет обид за формирање влада, мандатот ќе го добијат социјалистите

од Nikola Popovski
267 прегледи

Претседателката на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова изјави дека бугарскиот претседател Румен Радев ќе им даде мандат за формирање влада. Тоа ќе биде трет обид на актуелниот парламент да формира влада.

Мандатот ќе им биде врачен на социјалистите утре.

„Целосно сме свесни за одговорноста што ја имаме. Тоа е голема и сериозна одговорност – трет мандат како последно средство. Се соочуваме со големи искушенија како земја и народ – криза поради пандемија, голем пораст на цените, ниски приходи, бранови мигранти, економски проблеми“, рече Нинова.

Нинова истакна дека социјалистите ги повикуваат сите страни да преговараат, освен ГЕРБ, поранешниот премиер Бојко Борисов и протурската ДПС.

Парламентарните избори веќе се одржаа во Бугарија двапати: првиот пат, редовно, на 4 април, и кога ГЕРБ победи, но не успеа да формира влада.

Повторените избори се одржаа на 11 јули, а победи опозициската партија „Има таков народ“. Таа партија претходно доби мандат за формирање влада, но потоа се откажа.

Слични содржини