Република Бугарија во својот Устав не признава малцинства, бидејќи сите граѓани ги става како еднакви пред законот и не признава колективни права. Токму затоа дури и партиите кои ги претставуваат Турците кои живеат во Бугарија во своето име никаде не содржат Турција или Турци.
Со тоа што во Уставот не се признаваат и гарантираат колективни права, ниту Македонците ни Турците не може да регистрираат и да се организираат во организации кои се центрирани околу нивниот идентитет.
Во Бугарија, според официјалните државни податоци, живеат околу 8,8 отсто Турци, а партијата Движење за права и слободи, која е формирана како Турско Национално движење за слобода. Сепак, таа е регистрирана како независна јавна и политичка организација, основана со цел да придонесе за единство на сите бугарски државјани.
Уставот на Република Бугарија, донесен во 1991 година ја дефинира државата како унитарна парламентарна република која гарантира еднаквост на сите нејзини граѓани. Според Уставот, секој граѓнин има право да се чувствува како што сака, но тој не гарантира и заштитува колективни и малцински права.
На овој начин, Република Бугарија воспоставува на третирање на граѓаните како индивидуи, не гледајќи ги нивните етничките, религиски или јазични различности. Ваквата практика, иако несвојствена за регионот, се обидува сите граѓани да ги третира еднакво, обидјувајќи се да ја намали дискриминацијата.
Од тие причини, бугарската држава не може да води дискриминирачки политики кон одредени етнички заедници, бидејќи кон сите граѓани се однесува еднакво.
Бугарскиот устав се базира на Уставот на Франција од 1958 година, кој во својот прв Член истакнува дека гарантира еднаквост на сите граѓани пред законот, без разлика на нивното потекло, раса или религија.
Француската држава не го користи терминот малцинства и забранува било каква форма на специјални мерки за национални, етнички, религиски или јазични групи. Франција и на меѓународно ниво е позната по нивните ставови за малцински права, објаснувајќи го тоа со „републиканскиот модел“ и интеграција на сите граѓани како еднакви пред законот.