Бугарија воведе привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Бугарија воведува привремена забрана за увоз на прехранбени производи од Украина, со исклучок на транзитни стоки, најави премиерот во техничкиот мандат Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница.

„Минатата година, спротивно на првичната идеја, значително количество прехранбени производи остана во земјава и направи проблем. Доколку оваа тенденција опстојува или се зголеми, можно е да има исклучително сериозни последици за бугарскиот бизнис. Принудени сме да ја донесеме оваа национална мерка, бидејќи европските власти се уште размислуваат за соодветна мерка. Очекуваме дека Брисел ќе ги слушне и разбере позициите на Бугарија, Полска, Чешка и Словачка. Остануваме солидарни со Украина, но банкротот на бугарските земјоделци во никој случај нема да придонесе за нејзината цел“, рече Донев, пренесува „Радио Бугарија“.

Претставниците на Полска и Украина во понеделникот разговараа за забрани на централните власти на источноевропските земји за увоз на украинско жито, со кои тие сакаат да ги заштитат нивните земјоделци од влијанието на приливот на поевтино украинско жито.

Слични содржини