Бугарија е на второто место во ЕУ по растот на цените на становите или куќите, во првиот квартал на 2025 година, објави статистичката агенција на ЕУ, Еуростат.
Според нивните податоци, живеалиштата во Бугарија од јануари до март годинава во однос на претходната година, поскапеле за 15,1 %. Повисоко поскапување во ЕУ е забележано само во Португалија, каде изнесувало 16,3%. Истовремено, пад на цените на имотите во истиот период е регистриран само во Финска (-1,9%)
На ниво на еврозоната и на ниво на ЕУ, покачувањето изнесува 5,4% и 5,7% во првото тромесечје на годинава, во однос на истиот период лани.
Во поглед на кириите, од јануари до март годинава во ЕУ, тие поскапеле за 3,2 отсто.
Во однос на 2010 година, во првиот квартал на оваа година, цените на живеалииштата во ЕУ се зголемени за 57,9%, а кириите за 27,8%.