Бугарија забрани промоција на ЛГБТ+ во училиштата

од Nikola Popovski
48 прегледи

Бугарската влада во средата забрани нехетеросексуални пораки во училиштата, по примерот на Унгарија, Полска и Словачка.

Според новиот закон, во предучилишните установи и училиштата е забрането секое унапредување или поттикнување поврзано со „нетрадиционална сексуална ориентација“ или родово самоопределување, кое се разликува од полот при раѓање.

Слични ограничувања постојат во земјите-членки на ЕУ – Унгарија, Полска и Словачка.

Надвор од ЕУ, лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица, како и членовите на пошироката квир заедница, исто така се соочуваат со сериозни ограничувања, како што може да се види во Русија.

Амандманот на законот, претставен од проруската партија Преродба, беше поддржан од претставници од различни политички групи, вклучително и централнодесничарскиот сојуз Герб-СДС, популистичката партија ИТН, Социјалистичката партија и делумно ДПС, која ги застапува интересите на турските и другите малцинства.

Повеќете од пратениците на либерално-конзервативниот сојуз ПП-ДБ гласаа против амандманот на законот.

Членови и поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата протестираа против амандманот пред зградата на Парламентот во Софија во средата вечерта. Одбивањето да молчат тие го изразија со скандирање и држење плакати со порака: „Не го повторувајте патот на Русија“.

Слични содржини