Бугарите од Македонија инсистирале на соодветна реакција од официјална Софија против, како што велат, честите репресии врз нив и нивните семејства, соопштија бугарските медиуми. Во Собраниската комисија за политики за Бугарите во странство биле сослушани претставниците на центрите за култура „Цар Борис Трети“ од Охрид, „Иван Михаилов“ од Битола и здружението „Југ“ од Прилеп.
На сослушувањето зборувале за наводниот притисок во Македонија и побарале заштита од Бугарија, информира „Дарик“.
Претседателот на Комисијата за политики на Бугарите во странство, Костадин Костадинов, изјави дека подготвил писмо до бугарскиот технички премиер Галаб Донев и прецизирал дека и тој ќе побара средба со него.
-Претседателот на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажески, првпат јавно проговори за притисоците и заканите кои ги добивал по отворањето на клубот. Блажески изјавил дека за ниту еден од нападите на клубот се уште не е уапсен. Благој Шаторов од Центарот за култура „Иван Михаилов“ од Битола додаде дека се што е различно од македонското е проблем. Костадинов инсистираше на поддршка на нашите сонародници во РСМ од целата бугарска дипломатска и административна структура, како и преземање административни мерки против евентуални идни непријателски дејствија, пишуваат бугарските медиуми.