Здруженијата на македонските Бугари во земјава побарале средба со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји и се пожалиле поради , како што велат, „институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив“.
Во своето писмо тие нагласуваат дека „во Македонија нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт“.
-Охрабрени од вашата неодамнешна изјава и подготвеност да не примите, ви пристапуваме со намера и се надеваме дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов вашата способност. Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет, стои во писмото што го објавија бугарската агенција БГНЕС.
Вархеји неодамна во интервју изјави дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него.