Бугарска експертка: Жељазков во јуни увери дека Софија нема да поставува различни услови по усвојувањето на уставните измени, како и дека нема да го претвори процесот во билатерален

Симеонова за Резолуцијата: Дејствијата на СДСМ покажуваат проактивност, што е позитивен сигнал за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
29 прегледи

Изјавите на премиерот Мицкоски за гаранциите од ЕУ не го земаат предвид фактот дека Бугарија успеа да ги објасни своите барања на Брисел и тие беа поддржани од сите други 26 земји-членки. Пред самитот на Европскиот совет во јуни оваа година, бугарскиот премиер увери дека Софија нема да поставува различни услови по усвојувањето на амандманите на Уставот, како и да го претвори процесот во билатерален. Овие гаранции имаат смисла кога се гради доверба, а во последните неколку години таа само се уништува, вели директорката на Канцеларијата на Европскиот совет за надворешна политика во Софија, Марија Симеонова за блокираниот европски пат на Македонија и последната Предлог-резолуција на СДСМ.

Симеонова во разговор за „Локално“ вели дека дејствијата на СДСМ покажуваат проактивност, што е позитивен сигнал за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ и за почеток на преговорите.

-Од една страна, предлогот ја нагласува итноста за преземање конкретни технички чекори, а од друга страна, внесува јасност во врска со тоа што е прифатливо за земјата и нејзините граѓани, додава меѓу другото, соговорничката од Бугарија.

Симеонова за „Локално“: Поставените „црвени линии“ во Резолуцијата на СДСМ го одразуваат акумулираното незадоволство кај општеството, предизвикано од чувството дека процесот трае предолго