Бугарската ДПС бара Националното собрание да го одобри францускиот предлог за спорот Скопје-Софија

од Nikola Popovski
166 прегледи

Бугарската партија ДПС достави предлог за одлука на Националното собрание со кое ќе се одобри нацрт-преговарачката рамка за членство на РСМ и Албанија во ЕУ предложена од француското претседателство со ЕУ.

Ова беше објавено неколку минути по успешното гласање за недоверба на владата на премиерот Кирил Петков од страна на лидерот на движењето, Мустафа Карадаи.

„Зошто го направивме тоа – една година овие министри, чија оставка ја прифативме пред малку, и половина година овој кабинет, чие гласање за недоверба ние изгласавме, не направија ништо во оваа насока. Наместо тоа, можеме да кажеме дека се обидуваа да му попречат на тој процес со тоа што едно зборуваа во Брисел, а друго во Бугарија, тоа е како лага“, изјави Карадај, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини