Бугарската комисија ја одложи седницата за С. Македонија и францускиот предлог

од Nikola Popovski
153 прегледи

Бугарската собраниска комисија за надворешни работи ја одложи седницата за францускиот предлог и Република Северна Македонија се додека Министерскиот совет не донесе одлука.

Предлогот за одложување е на партијата ДПС. 9 гласале „за“, а 8 биле „против“. Не е јасно кога седницата повторно ќе биде свикана, пишува бугарски „Труд“.

Причината за бараното одложување е што каква и да донесе одлука Комисијата, таа ќе биде неуставна, бидејќи Советот на министри мора да достави одлука на разгледување.

Слични содржини