Бугарската компанија „Минстрој“ го “лапна” бизнисот со рудниците „Тораница“ и „Злетово“

од desk3
131 прегледи

 
Владата вчера одлучила бугарската компанија „Минстрој“ да биде новиот концесионер за експлоатација на олово-цинкова руда во рудниците „Тораница“ и „Злетово“ и покрај тоа што постапката целосно не е завршена, а дел од компаниите кои учествувале на тендерот најавија дека ќе ја обжалат одлуката.

rudnik500

Дополнително за рудниците се води и стечајна постапка, која исто така, не е завршена, а треба да заврши со ликвидација и продажба на основните средства на рудниците. За да стопанисува со рудниците бугарската компанија ќе треба да даде и најдобра понуда при продажбата на основните средства во рудниците „Тораница“ и „Злетово“.

Владината одлука денеска ќе биде објавена и во Службен весник од кога и тече рокот за нејзино обжалување.

Министерството за економија најави дека утре заедно со новиот концесионер и претставници на рударите ќе одржат прес конференција на која ќе ја презентираат целокупната документација.

Според веќе достапните информации, на аукцијата за јавно наддавање покрај бугарската компанија „Минстрој“ учествувале и руската „Солвеј“ преку рудникот „Бучим“, и Градежниот институтот.