Бугарската полиција ги фати вандалите кои го искршија македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

од Nikola Popovski
296 прегледи

Бугарската полиција информира дека се откриени сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Тие биле приведени во полициска станица поради кршењето на стаклата од објектот.

„Четири лица се приведени. Целосно признаа дека го сториле делото“, изјавила за „Радио Благоевград“ Јорданка Шаркова, портпаролка на Регионалната управа на бугарското Министерството за внатрешни работи – Благоевград.

Според информациите на бугарската полиција, станува збор за двајца мажи и две жени.

Прозорецот на македонскиот клуб во Благоевград беше искршен вечерта на 4-ти февруари, на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Македонските власти го осудија ваквиот немил настан и побараа детална истрага за инцидентот.

Клубот беше отворен во тензична атмосфера лани на 30 октомври во присуство на гости од Македонија и Македонци што живеат во Бугарија.

Слични содржини