Полицијата трага по лицата кои синоќа го скршија прозорецот на Македонскиот клуб во Благоевград, пренесе БНТ.
Вандалскиот чин бил извршен синоќа кога непознати лица фрлале камења кон локалот.
Клубот беше отворен на 30 октомври 2022 година, без посебни провокации. Само една од буквите на натписот беше излупена.