Бугарскиот национален интерес беше категорично продаден. Продаден или подарен не можам точно да кажам, бидејќи не сум во преговарачкиот процес, не знам што е добиено и што е ветено за дејствијата, кои што ги направи бугарската влада. Очигледно бугарскиот парламент бил принуден да гласа за документ кој потоа бил преработен, па го изгласал нацртот, смета бугарскиот политички аналитичар Михаел Крстев за францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија со ЕУ.
Тој констатира дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, „дошла во парламентот во Скопје да ги убеди македонските пратеници да гласаат за веќе ревидираниот документ – нешто што не го направи за Бугарија“.
-Бугарија, како земја која е во посилна позиција, земја која наметна вето, немаше потреба да гласа ништо пред тоа да го направи македонскиот Парламент. Фон дер Лајен во своето обраќање во македонскиот парламент апсолутно го дискредитираше и посрамоти францускиот предлог, велејќи дека историските прашања нема да влезат во преговарачкиот процес, иако тоа беше нашироко ветувано од поддржувачите на францускиот предлог.
Гледаме дека неколку недели откако францускиот предлог беше изгласан во Скопје, огромен дел од институциите кои се занимаваат со јазичната и историската култура во Македонија се изјаснија против него, велејќи дека македонскиот јазик и историја тргнуваат од делото на Кирил и Методиј. и тоа е посегнување не само на последните векови од нашата историја, туку и на целата нејзина историја, вели Крстев во интервју за „БНР“.