Бугарски диктат им е најново – ВМРО да објасни зошто е против уставните измени, прашува Ковачевски

од Nikola Popovski
428 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски беше запрашан за утрешната седница на Собранието, каде ќе почне расправата за уставните измени. Тој ја праша партијата предводена од Христијан Мицкоски зошто се против уставните измени.

-Објасни ли ВМРО кое е објаснувањето зошто е против? Тоа е најново бугарски диктат, а од ЕУ велат дека тоа е нивен предлог. САД исто така кажуваат дека е предлог на ЕУ. Едно време кажуваа дека ќе ја менуваат преговарачката рамка, но веќе не го кажуваат тоа бидејќи и од САД и ЕУ рекоа дека рамката е најдоброто компромисно решение меѓу земјите-членки и нашата држава, вели Ковачевски на новинарско прашање за тврдиот став на најголемата опозициска партија околу промените на Уставот и влегувањето на бугарското малцинство во Премабулата.

 

Слични содржини