Бугарски државјанин доби 4 години и 10 месеци затвор откако измами кумановка за 30 илјади евра

од Nikola Popovski
88 прегледи

Основниот суд во Куманово осуди 60-годишен државјанин на Бугарија на четири години и десет месеци затвор. Предраг Миленков е осуден откако заедно со други непознати лица во јануари годинава, преку измама одзеле 30.000 евра од 66-годишна кумановка.

Бугарскиот државјанин заедно со другите на 31 јануари се јавиле телефонски и побарале да им се исплати поголема сума пари затоа што наводно ќерка на жената прегазила мигрант. Парите ги презел тој, а е уапсен на 12 февруари. Пред судот не признал вина туку дека е жртва на друго лице.

Судот смета дека измамата со која е нарушена приватноста и се повредени емоциите, заслужува висока казна, која можеше да биде до максимални 5 години. Во корист на семејството во истиот износ доколку лицето поседува материјални добра да му се одземат.

По завршување на казната затвор осудениот ќе биде протеран од Македонија.

Слични содржини