Бугарски европратеник: Бугарите во Македонија ја плаќаат цената на европската рамнодушност

од Nikola Popovski
178 прегледи

На 19 јануари во Охрид, македонскиот Бугарин Христијан Пендиков беше тешко претепан од негови сограѓани. Ова е трагично потсетување дека во земја која е кандидат за членство во Европската унија, да се биде Бугарин е опасно. И ова не е прв случај на насилство. Недостасуваше реакција од Брисел, истакнал од Стразбур бугарскиот европратеник Иво Христов.

„Европската комисија и некои европски лидери ги игнорираа предупредувањата на бугарскиот претседател дека политичарите во Скопје немаат волја да ги решат отворените прашања. Бугарското вето на преговорите беше укинато со притисок однадвор, со нарушување на критериумите на Унијата за членство“, додал Христов.

Според него, „денес Бугарите во Република Северна Македонија ја плаќаат цената на европската рамнодушност кон историските трауми и културните зафати на Скопје“.

„Ги повикувам Европската комисија и комесарот за проширување да заземат принципиелен став за строго да се почитуваат духот и словото на евроинтеграциите“, го завршил својот говор Христов.

Слични содржини