Бугарски европратеник ги критикуваше Македонија и Србија и ги посочи како „лоши примери“

од Nikola Popovski
89 прегледи

„На самитот ЕУ-Западен Балкан мора јасно да се каже дека за да бидете дел од Заедницата, мора да се помирите со минатото и да ги почитувате преземените обврски“ – вака порачал бугарскиот европратеник Ивајло Валчев од партијата „Има таков народ“, по повод денешната средба на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Брисел.

Тој ги посочил Македонија и Србија како „лоши“ примери.

Пред пленарната сала во Стразбур,Валчев изјавил:

„Гледаме дека земји како С.Македонија и Србија одбиваат да ја следат заедничката европска политика. Новиот премиер во Скопје дојде на власт со антибугарска реторика и политика целосно заснована на омраза кон Бугарите. Таму дури најавија дека ќе престанат да работат на Коридорот бр. 8, кој е од стратешко значење за целата Унија. Србија, од своја страна, не се придржува до заедничката надворешна политика и со своите постапки го дестабилизира Западен Балкан. пристапот, континуираната тензија долж границата со Косово и одбивањето на конструктивен дијалог од страна на Белград се закана за безбедноста во регионот“, рекол Валчев, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини