Бугарски европратеник: Софија не треба да ја принудува Македонија да ги спроведе уставните измени, но е подготвена да помогне

„Сите одговорни фактори ѝ кажаа на Македонија дека првиот чекор што треба да го преземе за да започне разговори е да ги вклучи Бугарите во Уставот“, рече Ивајло Валчев

од Nikola Popovski
37 прегледи

Раководството на Европскиот парламент (ЕП) се обидува да ги направи дебатите попривлечни, изјавил бугарскиот европратеник Ивајло Валчев од групата Европски конзервативци и реформисти/Има таков народ. Тој на обука на млади новинари, организирана од БТА во партнерство со Европскиот парламент, говорел и за прашањето за Македонија и односите меѓу соседите.

На прашањето дали „Бугарија и ЕУ ќе успеат да ја принудат македонската Влада да ги вклучи Бугарите во својот Устав“, Валчев одговорил дека нивната земја не треба никого да принудува.

„Во моментот кога беше усвоен таканаречениот француски предлог, прашањето е меѓу ЕУ и РСМ, ние постојано им го објаснуваме ова и ова е нашата борба во која сме обединети. Сите одговорни фактори ѝ кажаа на РСМ дека првиот чекор што треба да го преземе за да започне разговори е да ги вклучи Бугарите во Уставот. Ова не е затоа што ние го сакаме тоа, туку затоа што тие потпишаа таков договор со ЕУ. Ние се обидуваме да ѝ помогнеме на РСМ да ги пронајде вистинските решенија. Бугарија кажа што треба и е подготвена само да помогне“, рекол тој.