Бугарски историчар: Гоце Делчев е национален херој број 1 во Македонија

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Прашањето за Гоце Делчев е исклучително трауматично, пред се за македонската страна. Револуционерот е првиот и основен камен за македонскиот современ идентитет, онака како што е Васил Левски за Бугарија, вели бугарскиот историчар и член на Бугарската академија на науките, Димитар Атанасов во разговор за „360“.

Историчарот е категоричен дека Делчев е симболот на таа епоха, која била сметана за почеток на бугарската нација.

-Тој е човекот во кој се огледала бугарската национална ослободителна револуција, пред преродбата. Човек што се залага за слобода, автономија. Големи се сличностите меѓу Делчев и Левски. Ако некој денес им каже на Бугарите дека од утре Левски не е Бугарин, ќе има народен бунт, ви гарантирам. Ако некој политичар потпише документ во кој се откажува од Левски, тој си става крст на политичката кариера, појаснува Атанасов и додава дека Гоце Делчев е национален херој број 1 во Македонија.

Слични содржини