И економистите и историчарите мора да учествуваат во изнаоѓање решение за спорните прашања меѓу Бугарија и С. Македонија, смета бугарскиот професор и историчар, Христо Матанов во изјава за „БГНЕС“.
„Двете групи, и економистите и историчарите, мора да ги решат контроверзните прашања. Спорот не е само економски, но од друга страна, не е ни само историски. Во решавањето на македонското прашање мора да дејствуваме комбинирано“, вели историчарот.
Според него, ако проблемот бил само економски, „како што очигледно веруваат и двајцата премиери, што ги спречава Македонците да го изградат својот дел од Коридорот 8, бидејќи Албанија и Бугарија се практично подготвени“.
„Го загубија европското финансирање. Забележувам дека политиката на новата влада е да ја турне историската комисија во втор план. Односно да не ги поставуваме оние прашања кои очигледно не разделуваат, туку тие прашања ќе дојдат порано или подоцна. Тие се многу непријатни. Ако се решат економските или инфраструктурните проблеми, што се надевам ќе биде светол момент, ќе дојдат историските. Тогаш ќе се случи тешкиот момент“, вели проф. Матанов.