Бугарски историчар: САД се мешаат во односите со Скопје на штета на Софија

од Nikola Popovski
165 прегледи

„Мислам дека не треба да бидеме многу оптимисти. Тешко дека нешто ќе се смени во животите и животите на нашите сонародници од нашиот југозападен сосед. Сето тоа се маневри на Владата во Скопје за да не ги реализира обврските кои ги има направено и кои се многу лесни за спроведување, бидејќи не се бараат никакви отстапки“, изјавил бугарскиот историчар Воин Божинов за тоа што би се променило после средбата на шефот на македонската диппломатија Бујар Османи со дел од претставниците на бугарските здруженија и клубови во Македонија.

Според него, „секој напад врз граѓанин на РСМ, кој јасно ја изразува својата бугарска самосвест, на овој или оној начин е координиран со локални и централни фактори“.

„Се ќе се заборави, ќе биде ставено под тепих, ќе се дадат некои проформа објаснувања и на крајот ќе излезе дека господинот Пендиков самиот се претепал. РСМ е во длабока политичка криза, донекаде е подлабока од кризата кај нас, затоа што има и многу тежок национален фактор“, објаснил Божинов за „Bg on Air“, додавајќи дека „македонските власти стојат цврсто на линијата на антибугарската кампања“.

Божинов смета дека „САД не само што се обидуваат да бидат судија во односите меѓу Бугарија и РСМ, туку директно се мешаат во балканските работи на штета на Бугарија“.

„Исклучително е важно да се зајакнат западните позиции овде на Балканот, бидејќи влијанието на Русија е големо. Сериозното руско влијание може да им наштети на американските интереси овде и да се отвори некаков фронт“, нагласл Божинов.

Слични содржини