Бугарски историчар: Софија се подготвува за компромис кон С. Македонија

од Nikola Popovski
327 прегледи

Скопје се повеќе ја зајакнува својата позиција и никој таму не крие дека се потпира на надворешен притисок врз Бугарија за можно укинување на ветото за одржување меѓувладина конференција меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, a особено активни во овој поглед се САД. Ова произлегува од неколку изјави на американската амбасадорка во Скопје, вели за БНР историчарот од Бугарската академија на науките, Воин Божинов.

Според историчарот, бугарската дипломатија почнува да се повлекува од наведените позиции.

-Информациите што можам да ги прочитам во некои медиуми покажуваат дека бугарската влада се подготвува да направи компромис. Познато е дека во моментов претседателот Румен Радев ја има целата моќ во земјата – преку неговата преодна влада. Факт е дека тој рече дека бугарската политика треба да биде во синергија со американските интереси на Балканот Очигледно, давањето приоритет на американскиот интерес е дел од разбирањето на актуелната влада за правење отстапки за побрз влез на PCM во ЕУ, што мора да го задоволи американскиот интерес, смета Божинов.

Божинов е категоричен дека тој бугарски политичар што ќе направи таков компромис ќе изврши национално предавство.

Слични содржини