Бугарски медиум: Џамбаски ќе бара од претседателот на Бугарија да му го одземе државјанството на македонски политичар

од Vladimir Zorba
740 прегледи

Заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски, изјави дека тој и неговите колеги во Националното собрание имаат идеја за нов систем според кој ќе им се дава бугарско државјанство на граѓаните на Северна Македонија, пренесе сајтот „Актуално.бг“.

Европратеникот откри и какви активности презеле со неговите сопартијци со цел да им се одзема бугарскиот пасош на македонски граѓани што им е веќе издаден, кои веќе започнаа со антибугарската реторика и „го оцрнија името на нашата земја“.

Поточно, ваквите постапки најверојатно биле иницирани против членот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, но неговото име не е потврдено.

Џамбаски ги коментираше проблемите во неговиот неделен пренос во живо на Фејсбук за Македонија. На прашањето дали има начин да се поништат бугарските пасоши на граѓани на РСМ кои даваат антибугарски изјави во јавноста, политичарот рече: „Она што веќе го направив е да подготвам и во наредните денови ќе му испратам барање на претседателот да му се одземе бугарското државјанство на еден од најжестоките граѓани на Република Бугарија, со најжестоки антибугарски изјави. Човек, кој ние од организацијата, бевме сведоци како тој ласкаше на панихидата на Тодор Александров, какви работи рече, што рече во Скопје и кога го поканив тука во Брисел. А и присуствуваше на нашите настани, каков Бугарин беше“, вели тој.

„Сега постојано плука по Бугарија, и јас ќе го замолам Претседателот ова државјанство да му биде одземено, поништено. И веруваме дека во иднина секој што дозволува таква политика ќе биде лишен од бугарско државјанство затоа што тој не го заслужува тоа“, смета Џамбаски.

Од друга страна, продолжува европратеникот, разговарал со неговите колеги пратеници да предложам во Националното собрание еднократен закон со еднократен ефект, со кој ќе се врати државјанството на сите наследници на поданиците на Кралството Бугарија од 09.09. 1944 година или до референдумот, кога нашето Кралство незаконски е направено комунистичка република. Мислам дека со еден чин треба да го намалиме овој проблем еднаш засекогаш и да го решиме ова прашање засекогаш со прекинување на сите шпекулации. Мислам дека ќе биде корисно и знам дека ќе биде корисно“, додаде Џамбаски.

Слични содржини