Бугарски „Минстрој“ официјало ги презема рудниците „Злетово“ и „Тораница“

од desk3
95 прегледи

Министерството за економија и бугарската компанија „Минстрој“ денеска официјално го потпишаа Договорот за давање под концесија на рудниците „Злетово“ и „Тораница“. Сопственикот на „Минстрој“ Николај Влканов најави дека компанијата ќе ги задржи на работа сите 1.000 вработени во двата рудника и ќе им ги надомести заостанатите плати, а производството во „Злетово“ ќе почне кон средината на мај, а во „Тораница“ неколку месеци подоцна.

rudnik500

 

На потпишувањето на Договорот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Дритон Кучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Сопственикот на „Минстрој“ Влканов порача дека компанијата има големо искуство во областа на рударството во Бугарија и во светот и има рудници во Африка, во Европа, па дури и во Германија.

Макпетрол: Заклучокот на РКЕ е незаконски и има и елементи на присила

– Очекувам уште кон средината на мај да почне производството во рудникот „Злетово“. Ќе ги преземам сите вработени кои речиси една година не добиле плата и веднаш ќе им ги исплатам сите заостанати плати, а уште во текот на месецов ќе ги вратам на работа сите, рече Влканов по потпишувањето на Договорот за концесија и најави дека ќе следи зголемување на платите на рударите.

Тој нагласи дека има целосна соработка со државата и општините, како и луѓето кои биле вработени во двата рудника за нивно успешно рестартирање.

– Имам претстава што се е неопходно да се направи, каква техника и опрема треба да се купи и за тоа ќе вложам 10 милиони евра во двата рудника. Во наредните 20 до 30 дена упорно ќе работиме за во почетокот на мај или најдоцна до средината на јуни да започнат рудниците со работа, рече Влканов. /МИА