Бугарски новинар: Милошоски е „одгледуван“ лично од Каракачанов

од Vladimir Zorba
342 прегледи

По којзнае кој пат во неговата долга политичка кариера, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ си поигрува со идентитетските прашања и тоа секогаш на штета на македонските интереси и македонскиот народ и стигнува до позицијата да штити туѓи интереси. Зачудувачки е што човекот кој во минатото изрази презир кон Блаже Конески, нарекувајќи го „џуџето од Небрегово“ и „пулен“ на моментално најголемиот негатор на сешто е македонско, Красимир Каракачанов, бара расправа за македонскиот јазик и македонскиот идентитет во Собранието. Самото ставање на дневен ред на овие прашања во Собранието, се чини претставува дрско и директно негирање на македонскиот идентитет.

Како се чувствува Антонио Милошоски е негова лична работа, дури и неговото гордо позирање со бугарско знаме во минатото е негово право. Но дали зад обидот на Милошоски да се отвори расправа за нешта, за кои не би требало ни да се помисли да се разговара, стои некаков друг интерес?

Уредникот на новинската агенција Фокус од Софија, Красимир Узунов, во изјава за тамошните новинари потврдува дека Милошоски е „одгледуван“ лично од Каракачанов додека студирал во Бугарија. Живеел на таванот во ВМРО, а често го посетувал гробот на Тодор Александров. Затоа овој новинар ги упатува колегите во Софија да го прашаат лично Каракачанов како го има пораснато Милошоски. Од овие причини, смета Узунов, македонскиот пратеник нема право да изусти збор за Договорот со Бугарија, не пак да го прогласува за штетен и да повикува на некаква расправа.

Можно ли е испадите во парламентот да се дел од бугарската игра и Милошоски да извршува нарачки токму од Каракачанов? Во секој случај, премногу наивно е да се верува во барањето собранието да расправа случајно, особено кога е туркано од некој со историјата на Милошоски.

Чувството за национален интерес и за политичка одговорност се чини се непознаница за ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Да беше поинаку, можеби немаше да се стават во функција на политиките кои го негираат македонскиот идентитет и ја загрозуваат европската иднина на државава.

Слични содржини