Бугарски пратеник објави белешка: Петков на лист напишал како ќе го крене ветото за С. Македонија

од Nikola Popovski
440 прегледи

Белешка напишана од самиот премиер Кирил Петков за тоа како да се укине ветото на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, прикажал бугарскиот пратеник од „Има таков народ“, Станислав Балабанов.

Балабанов во изјава за емисија на „bTV“ истакнал дека оваа белешка ја напишал самиот Петков на лист од службените тефтери на Советот на министри во возот за Киев,  каде оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Подготвен сум да бидам подложен на детектор за лаги за оваа белешка, а во Бугарија има добри стручњаци за графологија кои можат да докажат дека овој фонт е всушност ракопис на премиерот, рекол Балабанов.

Тој појаснил дека планот на Петков бил прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни бугарските барања.

На прашањето на водителот во емисијата какви се гаранциите дека тоа ќе се случи, Балабанов одговорил дека гаранција е Франција.

Фото: bTV

Слични содржини