Бугарски пратеник се лути затоа што Каракачанов го нарекле дека е Грк

од Nikola Popovski
381 прегледи

„Соседните земји кои не ги сакаат изјавите на бугарската страна лансираа „тешка артилерија“ во форма на Душан Проковиќ“, изјави заменик-претседателот на бугарската партија ВМРО БНД Ангел Џамбаски, коментирајќи ја изјавата на српскиот политички експерт дека бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов е грк.

Џамбаски истакна дека бугарските презимиња се добиени или врз основа на потеклото на лицето или од прекарот или од местото каде што живее.

„Господинот од Србија, се чини, побрза да „блесне“ со знаењето од Википедија, а господата, новинари кои му даваат простор за изјави можат да го прашаат за иднината, бидејќи, според неговото презиме, јасно е дека може да го види тоа како во огледало“, заклучува политичарот.

Претходно, Пророковиќ изјавил дека Каракачанов има грчко потекл. Малата етничка група наречена Каракачани, според него, етнички им припаѓала на Грците, додека другите големи балкански народи ги асимилирале.

„Секако, секој има право да се чувствува и да се изјавува како што сака, нема ништо спорно во тоа, но кога потомок на Каракачаните, а на тоа укажува и самото презиме, го зграпчува македонското прашање во желба да се докаже како поголем националист од другите Бугари, тоа не може да излезе на добро, а ниту, пак, може да се заврши брзо“, изјави Пророковиќ.

Слични содржини