Бугарскиот весник „Труд“ објави за голема редица македонски граѓани во Софија, кои чекаат за да добијат бугарски пасош.
„Минерална вода и книги од автори како Симеон Радев и браќата Миладинови беа дистрибуирани од Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“ на оние што чекаа пред Дирекцијата за бугарско државјанство во Софија“, известува „Труд“.
Редицата на лицата кои што аплицираат за пасош повторно се зголемила како пред пандемијата, бидејќи поради строгите ограничувања на институцијата поради ковид-кризата, таа не прифаќала документи на апликантите веќе подолго време.
„Повеќето од луѓето во редот се државјани на Република Северна Македонија, кои со автентични документи потврдуваат дека имаат бугарско потекло и сакаат да ги добијат наш пасош и државјанство“, пишува бугарскиот весник.
Фото: Цветан Томчев