Бугарскиот историчар Дечев: Ќе биде срамно, за двете држави и народи ако спорот продолжи уште 30 години

од Берта Китинска
529 прегледи

Ќе биде срамно, за двете држави и народи ако спорот продолжи уште 30 години, вели бугарскиот професор Стефан Дечев за емисијата „Стадион” на Радио Канал 77. Тој вели дека со колеги од Македонија и од други земји работат да најдат решение врз основа на современата историографија, современите хуманитарни и социјални науки за наоѓање на подобни решавање за двете држави.

„Тоа зависи од политичарите и функционерите, но мислам дека треба да се најде решение во следните неколку месеци затоа што постои сериозна опасност тој спор навистина да продолжи долго и да ги загади односите помеѓу двата народи. Јас мислам дека со добра волја, врз основа на доверба и договорот од 1 ви август 2017 година може да се најде решение”, вели Дечев.

За правата на Бугарите во Македонија, вели тој тоа го нема ниту во рамковната позиција на Борисов, ниту во декларацијата на Парламентот, тоа било покренато како прашање подоцна, минатата година во месец јуни во т.н пакет 5+1, каде тоа +1 се однесува на запишување на македонските Бугари во Уставот на РСМ како и останатите народи.

Слични содржини