Бугарскиот МЗ: Македонските пациенти се стабилни, но најтежувачка околност се вдишаните отровни гасови

од Nikola Popovski
216 прегледи

„Раните и повредите на сите 15 жртви од кочанската трагедија, кои беа сместени во нашата земја, се стабилни, по сите правила се лекувани, но најтежувачка околност е вдишувањето отровни гасови – таму лежат дел од проблемите“, изјавил бугарскиот министер за здравство, Силви Кирилов информирајќи за состојбата на македонските пациенти по пожарот во Кочани.

Кирилов информирал дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица од различна возраст, од кои само двајца се на возраст од 30 години, други се под 30, а пет се под 18-годишна возраст.

„Имаме двајца екстубирани пациенти, можеме да кажеме дека се во добра општа состојба, а оние кои се на механичка вентилација се во тешка, стабилна состојба“, појаснил Кирилов.

„Она што се случи пред една недела (трагедијата во Кочани) и одговорот на оваа ситуација покажува колку е соодветна бугарската болничка нега и колку има добро подготвени специјалисти“, рекол Кирилов за „БТА“ како одговор на новинарско прашање.

Тој бил категоричен дека квалитетот на пружената медицинска нега треба да биде критериум дали одредена здравствена структура треба да постои или не.

Слични содржини