„Бугарската страна мораше да направи отстапки токму во областа што Македонците ја сметаат за најчувствителна – идентитетот, нацијата и јазикот. Да се потсетиме: пред неколку дeцении, бугарските националисти воопшто одбиваа да го признаат постоењето на македонска нација. За нив, идентитетот на Македонците беше бугарски, но некако беа збунети од Тито во времето на Југославија. Дури и за нив стана јасно дека оваа приказна е неоснована, не се базира на историски извори. Ваквите тврдења се понижувачки за соседите, а јазикот на агресија не е прифатлив за западните партнери“ – ова во разговор за „Локално“ го изјави бугарскиот професор Димитар Атанасов, кој воедно е и историчар во Институтот за етнологија и фолклористика при Бугарската академија на науките (БАН) по усвоениот Предлог-извештај во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент за напредокот на Македонија.
Атанасов смета дека земјава издвојувала вистинска, а не пирова победса во Брисел, иако е само првата фаза од целиот процес кој треба да резултира и со гласање на пленарната седница на ЕП во јули.
-Од оваа позиција, можеме да кажеме дека францускиот предлог нуди консензусна рамка целосно во корист на РСМ, како што и требало да биде – македонскиот јазик е факт што не може да се негира само затоа што некому не му се допаѓа тој да постои. Постојат научни критериуми што тој целосно ги исполнува, вели меѓу другото професорот.