Бугарскиот селектор: Примивме смешен гол, сакавме да победиме

од Nikola Popovski
368 прегледи

Селекторот на Бугарија Јасен Петров не го смета како позитивен нерешениот резултат 1:1 против Македонија.

Тој по натпреварот сподели дека целта била победа и истакна и дека овој тим може многу повеќе.

Полошата игра тој ја припиша на брзањето кај некои играчи, како и на недостатокот на минути во нивните клубови.

„Нашата желба беше да победиме. Се сретнавме со многу добар тим. Не можевме да се консолидираме на почетокот на вториот дел. Знам дека можеме повеќе. Нивниот гол падна од наша грешка, смешен гол. Правевме елементарни грешки една по друга. Мора да одиме напред. Имаме играчи кои не играат и не се во најдобра состојба.

Нашата идеја беше да играме фудбал. Имаат многу добри играчи кои играат во добри тимови.

Се надевам дека нема да брзаме со Грузија во недела. Благодарност на публиката. Прекрасна атмосфера, позитивна. Денеска беа број 1. Публиката беше прекрасна“, рече тој.

Фото: БТА

Слични содржини