Бугарскиот вицепремиер Зафиров: Засега немаме информации за понудена помош од Македонија за поплавите

„Не мислам дека ни е потребна посебна помош во моментов. Државата е на свое место и ги користи сите свои механизми за да можат да се надминат последиците од оваа ужасна катастрофа“, рекол Зафиров

од Nikola Popovski
73 прегледи Фото: Фејсбук профил на Атанас Зафиров

„По наредба на премиерот, сите министерства се должни до вторник да поднесат извештај за нивната подготвеност за спроведување на трите главни документи на кои се работи – Законот за катастрофи и несреќи, Националната програма и Националната стратегија – 2021-2025, вклучувајќи ја финансиската и организациската безбедност на активностите. Со висок степен на доверба можам да кажам дека државата ги презема потребните мерки“. Ова го изјавил бугарскиот вицепремиер Атанас Зафиров, кој заедно со министерот за регионален развој и јавни работи Иван Иванов ја разгледа новата делница од автопатот Хемус помеѓу клучките Боаза и Дерманци, отворена денес.

Тој додадлдека Министерството за труд и социјална политика веќе ги опишува штетите и разговара со повредените лица.

„Станува збор за луѓе чие главно живеалиште треба да биде обесштетено, а не за комерцијални објекти. Постојат два столба според кои тие можат да добијат обесштетување. Првиот е три пати поголема од линијата на сиромаштија, која моментално е 1.914 лева. Вториот е според Законот за катастрофи – еднократна помош од 2.500 лева, за купување опрема, шпорети, фрижидери, сè што е уништено“, објаснил Зафиров и прецизирал дека се работи на можноста за трет столб. „Исто како и во јуни, Советот на министри гласаше за 3.000 лева за жртвите од пожарите. Се надевам дека ќе можеме да го примениме сега за жртвите од поплавите“, објаснил вицепремиерот.

Во врска со изразената подготвеност за помош од Македонија, објавена од претседателот на источниот сосед, Румен Радев, тој рекол дека не се добиени такви информации.

„Не мислам дека ни е потребна посебна помош во моментов. Државата е на свое место и ги користи сите свои механизми за да можат да се надминат последиците од оваа ужасна катастрофа“, рече Атанас Зафиров.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска и се заблагодари на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова за поддршката и понудената помош од Македонија за справување со последиците од невремето кое ја зафати Бугарија и во кое имаше четири жртви.

„Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на Македонија да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето“, објави шефот на бугарската држава на платформата Х.