Бугарскиот вицепремиер: Позицијата на Софија за Скопје треба да биде европска позиција

од Nikola Popovski
276 прегледи

Позицијата на Бугарија за РС Македонија мора да биде европска позиција, изјавил вицепремиерот на Бугарија и министер за финансии Асен Василев како одговор на прашање на германски новинар за бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Василев додал дека позицијата на Бугарија по ова прашање е многу јасна.

„Проблемот не е бугарската блокада на РСМ. Условите што ги поставивме, како заштита на националните интереси и гаранција дека ќе се расчисти со говорот на омраза, се повеќе заложби на Европа отколку на Бугарија“, вели тамошниот министер за финансии.

„Позицијата на Бугарија за РСМ мора да биде европска позиција. Ова не е тема на разговор меѓу РСМ и Бугарија. Ова е тема меѓу ЕУ и РСМ“, истакнал Василев, пренесуваат бугарските медиуми.

Фото: Димитър Кьосемарлиев, Investor Media Group

Слични содржини