Бугарскиот вицепремиер Василев: Пожарот во Битола е уште еден обид да се спречи постигнување разумно решение

од Берта Китинска
299 прегледи

Подметнувањето на пожарот во Бугарскиот културен центар во Битола претставува уште еден обид за разгорување на страстите, со цел да се спречи постигнување разумно решение од страна на министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, заедничката Историската комисија и сите оние кои се трудат да најдат такво решение, оцени бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев во изјава за софиската Нова ТВ.

-Пожарот не е насочено против Бугарија или Република Северна Македонија , туку е насочен против обидите да се постигне договор и тоа доаѓа по многу долго време на разговори и ветувања, за да се дојде до точка на разбирање, смета Василев.

Според него, подметнувањето на пожарот нешто што нема шанси да не предизвика емоции, па оттука и да не влијае на преговорите. – Се надевам дека тоа нема да има драматичен ефект, нагласи Василев.

Слични содржини