Бугарскиот заменик министер за надворешни: Нема да правиме компромис со С. Македонија

од Nikola Popovski
452 прегледи

Одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија не значи дека некој станува заложник на интересите на двете земји, вели бугарскиот заменик министер за надворешни работи Георг Георгиев за „БТВ“.

Георгиев смета дека Софија никогаш не се мешала во евроинтеграциите на соседната земја.

„Eвропските земји членки сакаат да направиме компромис за спорот со С. Македонија. Но, тоа не може да се случи на штета на интересите. Бугарија не може да прави компромиси за прашања што не се само историски, туку и вредносни“, вели заменик министерот.

Пред повеќе од една година, С. Македонија ја блокираше работата на заедничката комисија за историски и образовни прашања и состанокот на набљудувачи кои требаше да го следат спроведувањето на договорот за пријателство од 2017 година, изјавил Георгиев.

„Илјадници провокативни изјави за Бугарија се појавија во медиумите на С. Македонија, многу негативни коментари од политичари, јавни личности и историчари, што беше јасен показател дека работите не одат во посакуваната насока“, рекол рече дипломатот за „БТВ“.

Тој ја коментирал и изјавата на МАНУ дека македонскиот јазик и неговите дијалекти постојат неколку стотици години и се шират надвор од границите на самата држава.

„Историските факти не можат да се менуваат, без оглед на тоа што некој се обидува да го направи. Таканаречениот македонски јазик е создаден врз основа на бугарскиот јазик, тој е дијалектна форма на бугарскиот јазик и од гледна точка на политиката, нема што да се разговара и коментира. Историчарите и луѓето поврзани со науката можат да разговараат во кој историски момент потекнува овој т.н. јазик. За нас тоа е официјален јазик на Република Северна Македонија“, заклучил Георгиев.

За време на состанокот на Советот на Европа, Бугарија го поддржа почетокот на преговорите со Албанија, но ја блокираше рамката за преговори за пристап на С. Македонија во ЕУ.

Слични содржини