„Бугарската страна инсистира на тоа дека Гоце Делчев треба да се кажат историските вистини, односно дека тој се школувал во бугарската егзархиска гимназија, дека се школувал во воената гимназија во Софија, дека бил учител во бугарско училиште во Штип и се разбира дека идентитетот на револуционерот бил бугарски“, информира Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата комисија за историски прашања, во емисијата „Само вистина“.
Според него, бугарските колеги бараат тие историски вистини да влезат во текстот и дека ние не смееме да отстапиме.
„Имам чувство дека тие се во мисија дека бугарската историја треба да го наметен својот наратив врз македонската историја, за Гоце Делчев. Се разликуваме многу. За нас, симболичното значење на Делчев з адвете нации е она треба да го содржи текстот за заедничко славење, а не утврдување на историските вистини, кои ги знае секое мало дете“, прецизира Ѓоргиев.