Пожарите во земјава не стивнуваат, а сите расположливи капацитети се вклучени во нивната локализација и гасење – од локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), армијата, полицијата, па се до граѓаните.
Бугарија помага во гаснењето на пожарот. Комесарот Георги Пармаков рече дека штом пристигнале, нивните пожарникари се вклучиле во борбата против пожарот. Се наоѓаат на источниот и јужниот дел од Македонија, каде сe уште има активни пожари.
„Нашите напори денес ќе бидат насочени кон локализирање, Не знаеме колку е широк фронтот. Пожарите зафатија огромна површина од зимзелени шуми “, рекол тој за бугарските медиуми.
Според последните податоци, објавени вчера од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава има 10 активни пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот Пехчево и Делчево.
Поради загрижувачката ситуација, Управниот комитет го прифати предлогот на Групата за проценка и ѝ предложи на владата да одлучи да прогласи кризна состојба низ целата земја во рок од 30 дена.
Владата ќе одржи состанок утрово за да го разгледа таквиот предлог.
„Ситуацијата се менува од час во час. Не можеме однапред да предвидиме како ќе се однесуваат пожарите, бидејќи екстремно сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесуваат за нивно брзо ширење и промена на правецот “, рече Ангелов во изјава.